Баслер удри по „старата дама“: Буфон е за пензија, Јувентус со него нема да освои ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некои го означуваат Џанлуиџи Буфон како главен виновник на Јувентус, зашто Италијанците не го победија Тотенхем во осминафиналето во ЛШ.

Легендарниот голман со очајна реакција по слободниот удар на Ериксен им дозволи на гостите да стигнат до конечни 2-2, а 40-годишниот Буфон беше мета на голем број критики.

Една таква стигна од Германија. Поранешниот фудбалер на Баерн, Марио Баслер тврди дека Буфон е за во пензија.

„Буфон е неверојатен, но треба да замине во пензија. Јас престанав да играм на 33 години, а тој сака и на 40 да игра, па мислам Алегри треба да го испрати на долг одмор“, вели Баслер.