Арсенал и Милан на чекор до осминафиналето, Батсуаи го спаси Дортмунд


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал очекувано лесно славеа на гостувањето во Шведска кај Остерсунд со 3:0 во првиот натпревар од 1/16 финалето од Лигата на Европа.

„Топчиите“ ја оправдаа улогата и по 24 минути имаа предност од 2:0. Најпрво во 13. минута Начо Монреал најдобро се снајде во шеснаесетникот на Остерсунд и одбиената топка ја смести во мрежата за во 24. минута по ударот на Микитаријан, Папагианопулос си постигна автогол.

Конечниот резултат го постави Месут Озил во 58. минута откако го искористи додавањето на Хенрик Микитаријан.

Голем дел околу пласманот во следната фаза реши и Милан откако во Бугарија со 3:0 славеше против Лудогорец. Тимот предводен од Џенаро Гатузо до водство дојде во самиот финиш од првото полувреме преку Кутроне кој со глава ја погоди мрежата. Вториот гол за „Росонерите“ беше дело на Рикардо Родригез од пенал во 64. минута, додека конечниот резултат го постави Фабио Борини во 91. минута.

Аталанта се држеше против Борусија во Дортмунд се до самиот финиш кога Мичи Батсуаи донесе предност за „милионерите“ пред реваншот во Италија.

Борусија Дортмунд стигна до водство по половина час игра преку Андре Шурле. Сепак на почетокот на вториот дел Јосип Иличиќ со два гола направи пресврт во корист на Аталанта, но препородениот во Борусија Дортмунд, Мичи Батсуаи со два гола донесе триумф за Борусија пред гостувањето во Бергамо.

Резултати:

Бор. Дортмунд- Аталанта 3:2

Лудогорец- Милан 0:3

Ница-Локомотив Москва 2:3

Остерунд- Арсенал 0:3

Реал Сосиедад- Салцбург 2:2

Спартак Москва- Атлетик Билбао 1:3