Верати: Ало, Барселона?

0

Марко Верати и понатаму не дава конкретен одговор кога станува збор за Барселона.

Италијанецот веќе долго време е на листата на желби на Каталонците, меѓутоа Барселона колку и да нудеше за неговите услуги, ПСЖ беше јасен дека играчот не е на продажба.

Сепак, некои медиуми се надеваат дека ПСЖ ќе попуштат во лето, па Верати повторно зборуваше за оваа можност.

„Барселона? Не знам, задоволен сум во Париз. Верувам во овој проект и се надевам дека долго ќе останам тука. Можеби и ПСЖ ќе ме продаде, ќе видиме, ништо не се знае сеуште“, вели тој.

Share.