Тимот на светот доминираше против тимот на САД во првата вечер од ОЛ Старот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Светот го совладаа тимот составен само од играчи од САД во ОЛ Стар натпреварот на „ѕвездите во подем“ со убедлив резултат 155:124.

За МВП на средбата е избран српскиот бек Богдан Богдановиќ кој натпреварот го заврши со 26 поени, четири скока, шест асистенции и една украдена топка.

Во „Стејплс Центарот“ во Лос Анџелес очекувано видовме многу ефектни потези, а целиот фокус беше насочен кон нападот. Бројот на поените говори дека одбраните не беа на високо ниво,  а во таков однос на паркетот посериозен пристап прикажаа играчите од тимот на Светот кој речиси цел натпревар беа во водство.

Во тимот на САД најдобар беше играчот на Бостон Селтикс, Џејлен Браун со 35 поени и десет скокови, додека Кајл Кузма заврши со 20 поени.

Ова беше трет триумф тимот составен од кошаркарите кои доаѓаат од целиот свет во однос на ривалите од САД во последните четири години откако се организира ваквиот натпревар за време на ОЛ Стар викендот.