Рома сигурна во Удине


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во првиот натпревар од 25. коло од Серија А, Рома славеше на гостувањето кај Удинезе со 2:0.

Се очекуваше дека римјаните ќе имаат тешка задача во Удине, но на крајот составот на Ди Франческо стигна до посакуваните три бода.

Чениз  Ундер во 70. минута го отвори резултатот со убав погодок, а конечниот резултат го постави Пероти во завршницата на натпреварот.

Со оваа победа Рома стигна на второто место со 50 бодови, додека Удинезе остана на 10. позиција со 33 поени.