Барселона потешко од очекувањата славеше против Еибар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона славеа на гостувањето кај Еибар со резултат од 2:0 во 24. коло во рамките од шпанската Ла Лига.

Стрелци за Каталонците во денешниот натпревар беа Луис Суарез во 16. минута и Жорди Алба во 89. минута.

Иако многумина мислеа дека Валверде ќе ги штеди најдобрите поединци пред натпреварот со Челси, тој го извади најсилниот состав, единствено без Кутињо во тимот на денешниот меч.

Со оваа победа Барселона стигна на плус 10 во однос на Атлетико Мадрид кој утре се среќава со тимот на Билбао.