ПСЖ сиот бес по поразот од Реал го истури на Стразбур


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ славеа убедлива победа од 5:2 на денешниот натпревар против Стразбур во рамките од 26. коло од Лига 1.

Стразбур изненадувачки поведе во шестата минута со голот на Ахолулу, но по само 16 минути од водечкиот гол на гостите резултатот веќе беше 3:1 во корист на ПСЖ.

Дракслер изедначи во 10. минута, а Нејмар и Ди Мариа во 21. и 22. минута зголемија на 3:1. Со овој резултат се замина на одмор.

Бахконен намали на 3:2 во 67. минута, но веднаш потоа на сцена стапи Кавани кој во 73. и 79. минута стрелаше прецизно и го постави конечниот резултат на средбата.