Чави го искритикува Роналдо и испрати пофалби на сметка на Нејмар!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид во средата на домашен терен со 3-1 го победија ПСЖ во првиот меч од осминафиналето на ЛШ.

Актуелниот шампион на Европа во првиот дуел има добра предност пред реваншот во Париз, иако многумина очекуваа дека ПСЖ задоволен ќе го напушти Мадрид.

„Реал не блескаше и ПСЖ се закануваше многу повеќе при резултат 1-1. Против нив никогаш не смеете да пропуштите такви шанси затоа што ќе ве казнат. Најлошо е кога ќе ви стигне казна од никаква ситуација. По мечот Зидан беше најдобар тренер за нив, а едвај преживеа отказз. Емери е сега на удар, но не треба да го гледаме резултатот туку како играа тимовите. Што направи Роналдо? Даде гол од пенал и со колено, но Нејмар создаде многу повеќе проблеми“, вели Чави.