Вардар и Шкендија победнички, Работнички се лизна против Пелистер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актуелниот шампион на Македонија, Вардар славеше лесна и убедлива победа против тимот на прилепска Победа од 3:0, а со истиот резултат славеше и лидерот на табелата, Шкендија во натпреварот против Шкупи.

Вардарци ја контролираа играта во текот на целиот натпревар а до победата стигнаа со головите на Тигран Барсегјан кој погоди во 38. минута и Максим Максимов кој два пати ја тресеше мрежата на прилепчани, најпрво во 73. минута и потоа во 90.минута.

Шкендија полесно од очекувањата славеше победа кај „реновираниот“ Шкупи кој во претходното коло го растури тимот на Академија Пандев. За тетовци прецизни беа Цуцули, Хасани и Ибраими. Со оваа победа Шкендија ја задржа предноста од осум бодови во однос на Вардар на првенствената табела.

Доста интересен натпревар полн со пресврти одиграа екипите на Пелистер и Работнички кој заврши во корист на битолчани со 3:2. Први до водство стигнаа „романтичарите“ кои уште во третата минута преку Кировски го отворија резултатот. Следеа два гола на Пелистер постигнати од Маневски и Илијовски за комплетен пресврт во првиот дел. На 2:2 изедначи Џофри во 83. минута, а само три минути подоцна Иве Трифуновски со одличен гол го постави конечниот резултат на средбата.