Федерер стана највозрасниот број еден тенисер!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер стана најстариот играч, кој се искачил на првата позиција на АТП листата. На него оваа недела тоа му успеа на 36 години, а на прво место се враќа прв пат по 2012 година.

Во кариерата има освоено 97 АТП турнири, од кои 20 грен слем титули.

Помеѓу најдобрите десет, редоследно се наоѓаат Федерер, Надал, Чилиќ, Димитров, Зверев, Тим, Гофан, Сок, Андерсон и Дел Потро.