Тотенхем притиска за поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од таборот на Тотенхем не планираат да се откажат од намерата да го ангажираат фудбалерот на Кристал Палас, Вилфред Заха.

„Петлите“ минатото лето беа многу блиску до трансфер на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, но тогаш истиот не се реализира иако и Заха сакаше да се пресели на „Вајт Харт Лејн“.

Следното лето Тотенхем планира нова офанзива во која ќе понудат 50 милиони фунти за неговите услуги. Вилфред Заха е најдобриот фудбалер на Кристал Палас и веќе две години со ред прикажува одлични настапи со кои го привлече вниманието на Маурисио Покетино.