Соопштена тажната вистина на Бејл и Бензема


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно, без разлика на тоа кој ќе биде тренер на Реал Мадрид во следната сезона, Велшанецот и Французинот ќе го напуштат клубот.

На нивните менаџери им било наговестено дека за нив ќе нема место во новата сезона. Реал планира да доведе нов напаѓач и дури и Зидан да остане, нема да може да го спречи продавањето на Бензема, па така после девет години „деветката“ на Реал веројатно ќе го напушти Сантијаго Бернабеу.

Се зборува дека Бензема одбил да биде вклучен во било какви размени, да биде „кусур“ за некој играч и многу е лут на Реал поради ваквата ситуација. Тој има дадено 188 голови, но и учествувано во големо број на голови што ги има дадено Роналдо. Оваа сезона има постигнато само 7 гола.

Тој се надева на понуда од Париз, се споменува и Премиер лигата, а можно е да пристигне и понуда од кинески клубови каде би заработувал 20 милиони евра годишно, тоа е дупло од моменталната плата во Реал.

Со Бејл, ситуацијата е комплицирана.Реал сакаат да го вклучат во потенцијална замена за Азар, но од Челси не се баш заинтересирани. Тотенхем би сакал да го врати, но не можат да платат огромна сума на пари за неговиот трансфер, не можат ниту половина од неговата плата да му дадат која моментално ја има во Мадрид.

Бејл не се брза, тој би сакал во Манчестер Јунајтед, но по доаѓањето на Санчез е големо прашање дали ќе му биде потребен на Мурињо. Реал е спремен да го смени и за Де Геа, а можеби и за Кортуа од Челси, затоа што бараат голман, но тоа ќе биде тешко. Во секој случај Велшанецот има договор, кој ќе чека да ги исполнат неговите услови. Договор има и Бензема, но се шпекулира дека на него му е доста од се и дека не може да дочека за да замине од Реал.