Мурињо дојде по бод во Севилја: Здодевен натпревар на „Санчес Писхуан“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипите на Севилја и Манчестер Јунајтед ремизираа на „Санчез Писхуан“ во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите со најнепопуларниот резултат, 0:0.

Домаќините доминираа во првиот дел, но расположениот Давид Де Геа не дозволи неговата мрежа да биде затресена.

Во второто полувреме гледавме поздодевен фудбал, а во самиот финиш Манчестер Јунајтед заигра поотворено и направи неколку шанси од кои ниту една не беше стопроцентна. Единствено Ромелу Лукаку постигна погодок кој беше оправдано поништен поради игра со рака на белгискиот репрезентативец.