Челси го посакува Ласцелс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Англија од редовите на Челси пројавиле сериозен интерес за услугите на Џамал Ласцелс од Њукасл.

„Лондон Ивнинг Стандард“ пишува дека од таборот на Челси посакуваат да додадат повеќе англиски фудбалери во составот кој минатата сезона ја освои титулата во Премиер лигата.

Во редовите на Челси во последната линија во овој момент стандардни се Кристенсен и Кејхил, а Конте планира да ја засили конкуренцијата во дефанзивата по некои лоши одлуки на овој двоец во претходните натпревари.