Серхи Роберто го продолжи договорот со Барселона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот кој потекнува од познатата школа на Барселона, Серхи Роберто го продолжи договорот со клубот и на „Камп Ноу“ ќе остане до 2022 година.

26 годишниот фудбалер кој е продукт на Ла Масија беше поврзуван со трансфер во Премиер Лигата, а најсериозен интерес за него имаше од Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

„Откако почнаа преговорите за продолжување на соработката бев пресреќен. Ова е клуб на мојот живот и јас сум фан на Барселона од мали нозе. Точно е дека други клубови беа заинтересирани, но јас сакав да останам овде и среќен сум што продолжив до 2022 година“ –коментираше Роберто по потписот на договорот.

Серхи Роберто истакна дека се надева дека ова нема да биде негов последен договор со Барселона и дека се надева дека ќе се пензионира во клубот следејќи ги стапките на Иниеста и Меси.