Ристовски одигра 90 минути за Спортинг, Лацио ја декласираше Стеауа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На „Олимпико“ во Рим, Лацио успеа да се искупи за поразот од Стеауа во Букурешт и со петарда ги испрати гостите од Романија.

Повторно во дресот на Лацио блескаше Чиро Имобиле кој вечерва постигна хет-трик, а освен него во стрелците се запишаа и Бастос и Андерсон.

Наполи победи на гостувањето во Германија кај Ред Бул Лајпциг со 2:0, а головите ги постигнаа Зиелински и Инсиње. Сепак ова не беше доволно „наполитанците“ да се пласираат во следната фаза затоа што на првиот натпревар претрпеа пораз од 3:1.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути во дресот на Спортинг Лисабон против Астана. Овој натпревар беше полн со голови и заврши без победник, 3:3. Сепак, Португалците патуваат во следната фаза по победата од 3:1 на првиот натпревар.

Резултати, Лига Европа 19:00 часот

Атлетико Мадрид- Копенхаген 1:0

Динамо Киев- АЕК 0:0

Лацио- Стеауа 5:0

Ред Бул Лајпциг- Наполи 0:2

Спортинг- Астана 3:3

Виљареал- Лион 0:1

Зенит- Селтик 3:0