Велинов: Можеме да го изненадиме Вардар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тимот на Работнички лошо го почна вториот дел од сезоната со само еден освоен бод од можни шест, а поправен ќе бара против актуелниот шампион на Македонија, Вардар.

Градското дерби на програмата е утре на националната арена „Филип Втори“ а почетокот е закажан за 14:00 часот.

Крилниот играч на „романтичарите“, Стојанче Велинов најавува голема борба против Вардар и верува дека Работнички може да го изненади шампионот.

„Не го стартувавме најдобро пролетниот дел од првенството. Поразот од Пелистер се уште не боли, но веќе сме фокусирани максимално на дербито со Вардар. Верувам дека можеме да одиграме многу подобро од досегашните изданија и да го изненадиме Вардар. Фаворитската улога на ваквите мечеви не ги гарантира бодовите“ коментираше Велинов.