Интер потешко од очекувањата славеше против Бенвенто


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Интер на својот „Џузепе Меаца“ потешко од очекувањата славеше над Бенвенто со резултат 2:0.

Во првото полувреме немаше голови, а ниту сериозни прилики на двете страни на теренот.

Сепак, во продолжението по 20тина минути игра во вториот дел Интер дојде до гол, а стрелец на истиот беше стоперот, Милан Скриниар.

Само три минути подоцна Андреа Ранокија зголеми на 2:0 и го постави конечниот резултат со кој Интер се врати на победите по поразот од Џенова во претходното коло.