Вардар со втор пораз во Лигата на шампионите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот и Европски шампион Вардар го претрпе и вториот пораз во Лигата на шампионите откако вечерва загуби на гостувањето во Франција кај Нант со 27:26.

„Црвено црните“ цели 50 минути имаа негатива и играа без жар во нападот, па во еден момент домаќините имаа предност и од осум голови.

Вардарци во финишот на средбата додадоа „гас“ но не успеаја да ја анулираат негативата на Французите.

Најпрецизен во нашиот табор беше Тимур Дибиров со шест погодоци, а Грубиндо беше најефикасен кај Нант со осум погодоци.

И покрај поразот Вардар останува лидер во групата и може да обезбеди директен пласман во ¼ финалето доколку победи или одигра нерешено против Висла Плок.