Пет кандидати за место покрај Роналдо во нападот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По натпреварот со ПСЖ, Реал Мадрид изгледа дека е подготвен за борба во финишот од сезоната.

Зидан успеа да го вклучи цел тим против Алавес (4-0), а сега против Еспањол и Гетафе ќе одлучи кој ќе игра против Роналдо во Париз.

Станува збор за Бејл, Бензема, Иско, Асенсио и Васкез, кои ќе се борат за место покрај Португалецот.

За натпреварот против ПСЖ најмногу ќе покаже формата на споменатите играчи, но најверојатно тоа ќе бидат Бензема или Асенсио, кои покажуваат најмногу потенцијал во моментов. Бензема беше многу критикуван во минатото, но на последниот меч против Алавес покажа дека уште ништо не е готово.