Од Победа бараат да се воведе ВАР системот во Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од Фудбалскиот клуб Победа со соопштение се обратија до јавноста по оштетувањето од страна на судиите за четири бодови.

Победа беше пред триумф против Шкупи овој викенд, но Емре Чан донесе израмнување на резултатот од очигледна офсајд ситуација.

Соопштението на ФК Победа ви го претставуваме во целост:

ФК Победа АД апелира до Фудбалската Федерација на Македонија доколку би имала средства да се заложи за имплементација на ВАР системот, со кој би се обезбедила поголема регуларност и анализа на спорните моменти но и

заштита на сите фудбалски клубови од несакани или ненамерни судиски грешки.
Како клуб веруваме дека со воведувањето на оваа технолигија ќе се избегнат непријатните ситуации, за кои ние веруваме дека нема тенденција, но сепак нанесуваат штета на клубовите и спонзорите кои инвестираат во македонскиот фудбал.


ФК Победа АД како клуб во овие 3 кола од пролетниот дел на првенството е оштетена со 4 бодови. Во 19-тото коло на мечот со Пелистер со недосуден пенал, за кој судијата и Комесарот за делегирање се извинија, што ние како клуб го респектираме, но тоа не може да ни ги врати загубените бодови. Во вчерашниот меч од 21-то коло со Шкупи во Битола признат е нерегуларен гол на гостинската екипа од офсајд позиција во 88-та минута. Тоа се вкупно 4 бодови со кои ФК Победа АД би бил во горниот дел на табелата, онаму каде според квалитетот на екипата веруваме дека и ни е местото.


Се надеваме и посакуваме дека еден ваков систем и технологија на мониторирање на натпреварите во нашиот фудбал ќе придонесе за минимизирање на неправилностите на задоволство на клубовите и ќе превенира неправди од кои тие трпат големи штети. Истовремено апелираме до делителите на правдата за нивна поголема совесност и одговорност при носењето на одлуките.

СО ПОЧИТ
ФК ПОБЕДА АД