Мончи ќе прави револуција во Рома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека директорот на Рома, Мончи е подготвен да направи драстични измени во клубот по завршување на сезоната.

Неговата замисла е поврзана со играчите на клубот, на кои сака драстично да им ја намали просечната плата, а особено просечната старост на играчите.

Мончи во лето има намера да продаде неколку искусни играчи, а на излезни врати се наоѓаат Џеко, Наинголан, Стротман, дури и Манолас.

Исклучок ќе биде Де Роси, кој е легенда на клубот и од кој се очекува да одигра уште една сезона во екипата, а потоа да ја заврши кариерата.