Стигна казна за Вардар од УЕФА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европската фудбалска федерација го казни нашиот шампион со 30.000 евра поради употреба на пиротехнички средства на натпреварот од шестото коло од групната фаза од Лига Европа  против Розенборг.

Македонската екипа не успеа да запише ниту една победа, а одигра нерешено само еден натпревар и тоа токму против Розенборг.

Поради употреба на пиротехника, фрлање предмети од трибините и лоша организација , касата на Вардар ќе остане попразна за 30.000 евра.

Потсетуваме дека на тој натпревар се случи и интересен и ретко виден момент кога во теренот влета куче. И тоа беше дел од причините што Вардарци заработија парична казна од страна на УЕФА.