Гигс: Бејл е среќен во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Велс, Рајан Гигс инсистира дека Герет Бејл е среќен во Реал Мадрид и покрај шпекулациите кои го поврзуваат со враќање во Премиер Лигата.

Минатата недела шпанскиот фудбалски експерт, Гилием Балагуе изјави дека Реал Мадрид е отворен да ги слуша понудите за Герет Бејл.

„Неговата иднина не ме загрижува, тој е во огромен клуб. Кога си во топ клуб постојано си под притисок. Бев да се видам со него и тој е многу среќен. Тој не е многу среќен што не започнува редовно, но во следните неколку натпревари ќе биде стандарден“-коментираше Гигс.