Нека не се прават луди, ПСЖ знае колку ќе паузира Нејмар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар нема да игра поради повредата најмалку шест недели, а наводно нема да играл ниту во мечот против Реал во ЛШ, барем така тврди неговиот татко.

Бразилецот се повреди против Марсеј, па ПСЖ вели дека можеби ќе игра Бразилецот против Реал, но неговиот татко го тврди спротивното.

„Мора да ја почекаме одлуката на клубот. ПСЖ чека на вистински момент. Докторот на Бразил, Ласмар ќе дојде и тогаш заедно ќе донесат одлука. Не сакаме да бидеме во оваа ситуација, но мора да се обидеме да направиме побрзо да оздраве Нејмар. ПСЖ знае дека нема да може да игра од шест до осум недели, без оглед на тоа дали е потребна операција или не“, вели неговиот татко.