Дилемата е решена: Еве што ќе се случи со Нејмар!

0

Најплатениот фудбалер на ПСЖ се повреди, а дали ќе оди на операција одговори претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи.

Таткото на Нејмар сакаше неговиот син да оди на операција за да ја санира побрзо повредата додека ПСЖ не сакаше да го испрати зашто им беше потребен за мечот против Реал Мадрид.

Како и да е, Ал-Келаифи очигледно ги реши сите дилеми.

„Единствена нормална опција по повредата е Нејмар да замине на операција“, кажа тој.

Share.