Алиоски одигра само 45 минути, фановите се прашуваа зошто излезе од игра (фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лидс Јунајтед и со новиот предводник Пол Хекинботом никако да најде рецепт за победи, па така го претрпе седмиот пораз во последните 13 средби откако загуби на гостувањето од Миделсбро со 3:0.

Лидс на последните 13 средби  има забележано само една победа и е се подалеку од местата кои обезбедуваат разигрување за влез во Премиер лигата.

Нашиот репрезентативец Алиоски ги одигра првите 45 минути, а потоа на полувреме беше заменет од Форшоу.

Фановите на Лидс Јунајтед преку Твитер го изразија своето незадоволство што токму Алиоски беше повлечен од игра нагласувајќи дека во тимот имало други фудбалери кои требало да ја напуштат играта, а тоа не бил нашиот репрезентативец.