Зидан: Размислуваме само за победа против Гетафе!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Зидан се појави на прес-конференцијата за медиумите, каде што даваше изјава пред натпреварот против Гетафе.

„Ако секогаш на теренот излегуваме со победнички менталитет и мотивирани, можеме нешто да постигнеме до крајот на сезоната“

„Сакаме да направиме се што е во наша моќ за да дојдеме до победа и сакаме да доминираме на теренот. Мора да вложиме се од нас во тој натпревар. Играме против екипа, која е навистина мотивирана и во целост посветена. За голем број фанови тоа е меч на годината, а ние мора да му пристапиме на истиот начин. Размислуваме само за победа против Гетафе“, вели тој.