Шкендија очекувано лесно ја совлада Победа

0

Екипата на тетовска Шкендија ја зголеми бодовната разлика на 14 поени во однос на Вардар откако денес славеше против тимот на Победа.

Тетовци брзо уште во 10-тата минута го отворија резултатот преку Марјан Радески, а во 36. минута веќе беше 2:0 откако мрежата на Тофилоски ја затресе Изаир Емини.

Конечниот резултат го постави Висар Муслиу кој го постигна својот прв погодок во дресот на Шкеднија по трансферот од редовите на Вардар.

Шкендија барем до утре ќе има високи 14 поени позитива во однос на второпласираниот Вардар.

Share.