Вернер му се нуди на Мурињо


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најдобрите играчи на Ред Бул Лајпциг, Тимо Вернер призна дека сонува да игра во Премиер Лигата.

22 годишниот фудбалер кој се приклучи на Лајпциг од Штутгарт во 2016 година има 37 погодоци во 65 натпревари за неговиот актуелен клуб.

„Играњето во Премиер Лигата е сон за мене. Би сакал да играм за два или три клуба од Англија, а Манчестер Јунајтед е еден од нив. Сепак, веројатно ќе останам уште година две тука, а подоцна кога мојот англиски ќе биде подобар ќе се преселам таму“- коментираше Вернер за Фор Фор Ту.