Хејнкес го посочи Тухел како негов идеален наследник

0

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес смета дека Томас Тухел ќе биде идеален избор за негов наследник.

Хејнкес беше назначен како предводник на Баерн во октомври кога клубот беше во незавидна позиција со многу бодови негатива зад тогашниот лидер Борусија Дортмунд. Сепак искусниот стратег го врати Баерн на врвот и речиси сигурно ќе му донесе нова титула во Бундеслигата.

Сепак, тој нема намера да го продолжи престојот во Минхен, а смета дека Тухел бил идеален избор за негов наследник.

„Мислам дека Томас Тухел има квалитет да го води Баерн. Борусија Дортмунд играше многу добар фудбал под негово водство, а тој воспостави добар систем во клубот. Сите модерни елементи кои се дел од фудбалот ги имаше во тимот“-коментираше Хејнкес во изјава за „Билд“.

Share.