Јувентус по тешка борба патник во четврт-финалето


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Јувентус славеше победа на гостувањето на „Вембли“ против Тотенхем во реванш натпреварот од осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Петлите“ имаа предност од првиот натпревар иако истиот заврши со 2:2, а и по првиот дел се чинеше дека Англичаните се многу поблиску до следната фаза затоа што имаа водство од 1:0.

Стрелец на погодокот беше Сон кој го матираше Буфон и донесе голема радост на „Вембли“. И пред голот Тотенхем имаше иницијатива, создаваше шанси но за нивна жал само еднаш топката заврши зад грбот на Буфон.

Во вториот дел на домаќините како бумеранг им се одбија од глава сите неискористени шанси. Најпрво Игуаин изедначи на 1:1 во 64. минута од средбата, а само три минути подоцна Дибала донесе целосен пресврт и славје за клубот од Торино.

Во вториот вечерашен натпревар Базел го изненади Манчестер Сити, но „граѓаните“ очекувано опуштено влегоа во овој натпревар со оглед на големата позитива од првиот меѓусебен дуел.

Швајцарците ја добија средбата со 2:1 и така го нанесоа само четвртиот пораз на Манчестер Сити оваа година во сите натпреварувања.