Реал Мадрид ги „нокаутираше“ во ЛШ, а сега УЕФА им подготвува жестока казна!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УЕФА одлучи да започне дисциплинска постапка против ПСЖ поради лошата организација на реванш средбата во 1/8-финалето на ЛШ со Реал Мадрид.

ПСЖ во вторникот изгуби на свој терен со 1-2 и така се прости од ЛШ, а УЕФА соопшти дека против клубот од Париз е започната постапка поради пиротехнички материјали, ласери, метеж на трибините и останати работи.

Казната ќе ја дознаат на 22 март, а францускиот клуб се соочува со затворање на дел или цел стадион во наредните натпревари во Европа.