Борусија изненадена на домашен терен од Салцбург


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Ред Бул Салцбург славеа изненадувачка победа од 2:1 на гостувањето на „Сигнал идуна парк“ кај Борусија Дортмунд.

Во првиот дел не видовме погодоци, но во второто полувреме видовме вистинска фудбалска претстава на теренот.

Веднаш на стартот на второто полувреме, Салцбург стигна до водство со гол од белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Валон Бериша. Само седум минути подоцна истиот играч зголеми на 2:0 и го замолкна „жолтиот ѕид“.

Дортмунд успеа само да го намали резултатот преку Андре Шурле во 62. минута од средбата.

Лион минимално со 1:0 славеше на гостувањето кај ЦСКА Москва, а стрелец на единствениот погодок беше Марсело.