Србин на чело на Челси доколку си замине Конте


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изненадувачко име се појави во јавноста како кандидат за наследник на Антонио Конте на клупата на Челси.

Имено, доколку Италијанецот добие отказ по крајот на сезоната него би требало да го наследи актуелниот менаџер на Фулам, Славиша Јокановиќ.

Наводно, Енрике бил прв избор но за него „сините“ ќе се борат со уште најмалку два клуба, па така Јокановиќ претставува резервна опција доколку Енрике се одлучи да стави потпис на договор со друг тим.

Јокановиќ има одлични статистички податоци во Чемпионшип, еднаш го донесе Вотфорд во Премиер лигата, а оваа година на добар пат е тоа да го стори и со Фулам.

Србинот од 2000 до 2002 година го носеше дресот на Челси.