Познат капитенот на Англија за Мундијалот во Русија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вејн Руни долго време беше капитен на репрезентацијата на Англија, но по неговото повлекување селекторот на Гордиот Албион беше ставен во сериозно искушение. Кој да биде негов наследник?

Во јавноста излегоа имињата на искусните Џордан Хендерсон, Гери Кејхил и Џо Харт, но Саутгејт се реши таа чест да му ја даде на напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

Младиот селектор разговарал со потенцијалните кандидати и се одлучил Кејн да биде перманентен капитен на репрезентацијата на Англија почнувајќи од Мундијалот во Русија.