Ројс го продолжи договорот со Борусија Дортмунд

0

Германскиот интернационалец Марко Ројс го продолжи договорот со тимот на Борусија Дортмунд до 30 јуни, 2023 година.

Ова практично значи дека брзоногиот фудбалер ќе остане во Дортмунд речиси до крајот на својата кариера затоа што по истекот на новиот договор Ројс ќе има навршено 33 години.

„Од 2012 година го носам дресот на Борусија Дортмунд. Јас сум среќен и горд што ќе продолжам да го носам и во иднина. Дортмунд е мојот дом, Борусија е мојот клуб. Од детството сонував да играм во жолто црниот дрес“ –коментираше Ројс по потпишувањето на договрот.

Share.