Реконструкција во Реал Мадрид: Продажба на три ѕвезди и 700 милиони евра за нови засилувања


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид го подготвува најспектакуларниот преоден рок во историјата.

„Кралскиот клуб“ планира да се ослободи од три ѕвезди, а станува збор за Иско, Бејл и Бензема, од чии трансфери треба да обезбеди околу 400 милиони евра.

Но тоа не е се затоа што Реал планира да донесе три нови фудбалери за кои ќе потроши околу 700 милиони евра. Тие сакаат да ги ангажираат Кејн и Азар за сума од 250-300 милиони евра, а уште 400 милиони евра да потрошат на Нејмар.