Милан со гол во последната минута се враќа во трката за Лигата на шампионите?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Милан успеа да слави на тешкото гостување кај Џенова со 1:0 и тоа со гол постигнат во последните моменти од средбата.

Стрелец на единствениот погодок беше Андре Силва кој ја погоди мрежата на Перин во 94. минута од натпреварот за голема радост на Росонерите.

Ова беше прв погодок за Португалецот во Серија А кој го доближи тимот  предводен од Џенаро Гатузо на само шест бода од местата кои водат во Лигата на шампионите.

Последното место кое води во најелитното европско натпреварување во моментов го има Лацио кој има шест бода позитива пред Милан, но има и натпревар повеќе. Доколку Росонерите продолжат со ваква игра имаат за право да се надеваат дека на крајот ќе направаат чудо и по подолго време ќе изборат пласман во Лигата на шампионите.