Батсуаи повторно го спаси Дортмунд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Челси кој во моментов настапува на позајмица во редовите на Борусија Дортмунд, Мичи Батсуаи продолжува со фантастичните партии во дресот на „милионерите“.

Денес Борусија одигра неверојатно возбудлив и интересен натпревар против  Ајнтрахт Франкфурт во рамките од 26. коло од германската Бундеслига.

Резултатот на „Сигнал идуна парк“ го отвори домашниот тим преку автоголот на Рус уште во 12. минута од средбата.

Во 75. минута следеше шок за домашната публика затоа што Лука Јовиќ го изедначи резултатот на 1:1. Сепак, само две минути подоцна Батсуаи повторно ја врати предноста на „милионерите“.

Гостите од Франкфурт не се предадоа па во 91. минута уште еднаш ја шокираа домашната публика, но Батсуаи повторно се појави како спасител и во 94. минута го постави конечниот резултат на средбата.