Саутемптон го назначи Хјуз за нов тренер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од редовите на Саутемптон откако му врачија отказ на Маурисио Пелегрино експресно најдоа негова замена.

Нов предводник на „Светците“ ќе биде искусниот Марк Хјуз кој во минатото бележеше успеси со тимови со среден квалитет.

Марк Хјуз истакна дека е возбуден од шансата да го води Саутемптон, тим за кој во минатото и има играно.

„Ода е предизвик кој ме возбудува. Ова е одлична можност да се вратам во клубот кој го знам добро и имам симпатии кон него. Не можев да ја одбијам оваа понуда“- коментираше Хјуз.