Крчмаревиќ тргна со Победа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новиот тренер на прилепска Победа, Слободан Крчмаревиќ кој го наследи Славољуб Бубања денес и официјално ја започна работата во клубот.

Крчмаревиќ се запозна со фудбалерите на Победа и на игралиштето во Могила го одработи првиот тренинг со тимот.

Инаку, Слободан Крчмаревиќ е искусен тренер кој од 2006 година поседува УЕФА ПРО лиценца. Последен негов ангажман бил во клубот Ал Рифа од Бахреин, а во неговата кариера работел и како тренер во

Рудар Велење-Словенија, Докса-Кипар, Медина-Либија, Жетсу-Казахстан, селектор на У-21 репрезентацијата на Казахстан, Анортозис Фамагуста и Аполон Лимасол-Кипар(Куп трофеј 2009/2010), селектор на У-21 репрезентацијата на Србија(6-то место на ЕП), ОФК Београд –Србија(куп финале 2006-пораз од Ц.Звезда 2-4 во продолжение и 3-то и 5 место место во првенството со два пласмани во Куп на УЕФА) и во младите категории во Партизан и ОФК Београд.