Мурињо со долга прес конференција се бранеше дека е најдобар после Фергусон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо денешната прес конференција ја искористи да се одбрани по срамниот пораз од Севилја и елиминацијата од Лигата на шампионите.

Мурињо не пропушти да спомене дека Манчестер Јунајтед од 2013 година е без титула во Премиер лигата, а дека во последните настапи од Лигата на шампионите низ годините исто така не поминувал баш добро.

Но, Португалецот заборави да напомене дека потроши многу повеќе од Мојс и Ван Гал, а за тоа клубот ги има речиси истите резултати.

Обраќањето на Мурињо ви го пренесуваме во целост:

„Среќен сум со тоа што го видов од моите играчи после натпреварот. Среќен сум што луѓето беа тажни и фрустрирани. Среќен сум што бевме на иста страна и среќен сум што ги гледам момците како се враќаат повторно на мојата страна.

Нема да избегам. Нема да исчезнам. Не се плашам од моите одговорности. Кога имав 20 години бев нечив син. Бев никој во фудбалот. Сега, на 55 години го направив тоа што го направив само поради напорна работа, талент и менталитет.

Секогаш тренираме напорно, па не ни треба реакција да тренираме подобро, на секоја тренинг сесија која ја имаме откако сум дојден фудбалерите се апсолутно неверојатни.

Секој меч е важен, па сигурен сум дека некои од навивачите на Јунајтед нема да ја сменат победата против Ливерпул за победа против Севиља, но за мене секој натпревар е поинаков.

Фановите имаат право за нивните реакции, но има нешто што јас го викам фудбалско наследство. Тоа што менаџерот го наследува е тоа дека Јунајтед последен пат играч финале во Лигата на шампионите во 2011 година.

Во 2012 година испаднал во групната фаза, во 2013 испаднал во осминафиналето, во 2014 испаднал во четвртфиналето, во 2015 немало европски фудбал, во 2016 година испаднал од групната фаза и се преселил во Лига Европа, па потоа испаднал и од таму. Во 2017 година играше во Лигата на Европа и ја освои на чело со мене.

Во седум години и четири различни менаџери, два пати испаднати од групната фаза и еднаш во четврт финалето. Ова е фудбалското наследство. Во Премиер Лигата последната титула на клубот беше во 2013 година, од тогаш тие завршуваа на 4, 5,  6 и 7 место. Во последните четири години најдобрата позиција била четвртата“