Победа го совлада Работнички и го оддалечи од местата кои водат во Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прилепска Победа под водство на новиот тренер Слободан Крчмаревиќ славеше на стадионот „Младост“ во Струмица против Работнички со 2:0.

Прилепчани до победата стигнаа во финишот на натпреварот кога најпрво Аљтин Лога погоди за 1:0 во 82. минута, за потоа конечниот резултат да го постави Филип Најдовски во 94. минута.

Шкендија со минималната победа против тврдиот Силекс го продолжи походот кон првата титула во домашниот шампионат по подолг период. Стрелец на единствениот гол на средбата беше Фазлагиѓ во 16. минута.

Со ист резултат заврши и натпреварот помеѓу Вардар и Ренова, а голот вреден три бода за вардарци го постигна Дејан Блажевски.

Академија Пандев и Пелистер ги поделија бодовите играјќи без победник (1:1) на стадионот во Турново.