Манчестер Јунајтед го совлада Брајтон и се пласираше во полуфиналето од ФА Купот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ со 2:0 славеше против Брајтон во рамките од четвртфиналето од ФА Купот.

„Црвените ѓаволи“ повторно не прикажаа блескава игра на тешките временски услови, но успеаја да стигнат до целта со два гола во финишот на двете полувремиња.

Најпрво Ромелу Лукаку погоди за 1:0 во 37. минута од натпреварот, а конечниот резултат го постави Немања Матиќ со гол во 84. минута.

Вториот голман на „ѓаволите“ Серхио Ромеро имаше одлична вечер меѓу стативите успевајќи да одбрани неколку одлични шанси на гостите.