После 18 години не можев да ги оставам овие момци со пораз


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометната победа против репрезентацијата на Чешка и пласманот на Светското првенство, донесе огромна еуфорија во нашата земја, а на ракометарите им “падна камен од срце”.

„После 18 години како го носам дресот на Македонија не можев да ги оставам овие момци со пораз. Пресреќен сум, оваа генерација го заслужува продолжувањето на успеси. Македончето е познато дека оди до крај. Направивме еден циркус во Чешка, но успеавме да надополниме. Мора да се продолжи со најмладите кои следат. Тешки моменти минува нашата држава и само спортот може да не израдува. Со Филип дадовме многу, повеќе се радувавме, отколку што тагувавме. Фала ви во овие изминати години и само глава горе, овој спорт заслужува уште многу повеќе“, изјави  Мојсоски.

Мојсовски беше дел од сите успеси како од младинските категории така и во сениорската репрезентација.

Ти благодариме за се Наумче, среќно!