Баерн поразен од Лајпциг


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн Минхен го доживеа третиот сезонски пораз на гостувањето кај Ред Бул Лајпциг кој успеа да ги надигра „баварците“ и да слави со 2:1.

До многу вредната победа во борбата за пласман во ЛШ домашниот тим стигна со головите на Наби Кеита и Тимо Вернер во 37. односно 56. минута.

Претходно Баерн Минхен имаше предност од 12. минута откако Сандро Вагнер го отвори резултатот.

Со оваа победа Лајпциг дефинитивно се приклучи во борбата за пласман во Лигата на шампионите и сосема сигурно ќе биде еден од фаворитите за пласман во најелитното европско натпреварување.