МЗТ ги казни играчите и тренерите со половина плата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Катастрофалната сезона која МЗТ Скопје ја има зад себе резултираше со пораз во последниот натпревар во градското дерби против тимот на Работнички.

Поради тоа од управата на клубот се решија да ги казнат играчите и тренерите со 50 проценти од нивните месечни примања. Оваа мерка е предвидена во Дисциплинскиот правилник на клубот и преку неа „металците“ сакаат да ги мотивираат своите играчи и тренери за да го даваат максимумот во одлучувачкиот дел од сезоната.

Од клубот информираат дека актуелниот стратег Жарко Лукајиќ ја има апсолутната доверба од управата и неговата позиција воопшто не е загрозена.

До крајот на тековната сезона МЗТ Скопје има два натпревар против АВ Охрид и Пелистер, а потоа следува Суперлигата во која ќе се натпреваруваат најдобрите шест тима од регуларниот дел од сезоната.