Васкез среќен во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако е трансфер мета на неколку премиерлигашки клубови, Лукас Васкез инсистира дека е среќен во редовите на Реал Мадрид.

Шпанскиот интернационалец кој се поврзува со Арсенал и Луверпул во последните неколку недели игра значајна улога во тимот на Зинедин Зидан и признава дека е пресреќен со животот во Мадрид.

„Многу сум среќен во Реал Мадрид, тоа е тим кој ме оформи како играч и се надевам дека ќе бидам овде уште многу години. Сметам дека сум во најубавиот момент, со најмногу самодоверба, откако пристигнав во Мадрид. Чувствувам дека помагам на тимот во креирањето на добри резултати“ –коментираше Васкез за шпанското радио „Ел Трансистор“.