Санчез: Очекував повеќе од самиот себе


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Алексис Санчез истакна дека очекувал да понуди подобри партии по неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед.

Чилеанецот постигна само еден погодок на десетте натпревари во дресот на „ѓаволите“ и засега ни од далеку не ги оправдува очекувањата вложени во него.

„Бидејќи многу барам од себе, очекував дека ќе биде подобро. По моето пристигнување во Јунајтед беше тешко се да се смени се толку брзо. Дури и се двоумев дали да дојдам во Шведска со репрезентацијата. Барав дозвола да ги пропуштам овие пријателски средби, но потоа размислив подобро и во консултација со Клаудио Браво решивме да дојдеме“ –коментираше Санчез.

Чилеанецот за прв пат во кариерата направи трансфер на сред сезона и иако никој тоа не го очекуваше сосема е исправно неговото оправдување зошто се уште не е оној вистинскиот Санчез во Манчестер Јунајтед.